
Велосипедист почина вчера откако беше прегазен од автомобил марка „алфа ромео“ на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Борис Крајгер“ во Штип.
Од незгодата на лице место починал велосипедистот Б.Д.(59).
Смрт е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Возачот и сопатникот Г.М. (36) , се алкотестирани при што кај Г.Д. е констатирано присуство на алкохол од 1,23 промили, а кај сопатникот Г.М. е констатирано присуство на алкохол од 1,87 промили.
По наредба на Јавен обвинител ќе се изврши обдукција над телото на починатиот.