
Научете како да го направите популарниот изглед на зачадени очи што стана вистинска опсесија на сите холивудски ѕвезди. Ако ви здодеаа обичните зачадени очи, сега е вистинско време да пробате нова техника на шминкање.
Станува збор за голем тренд што пристигнува од Холивуд, а кој ги одушеви дамите во светот.
Важно е дека мора да водите сметка да не претерате со сенката и со моливчето, за да не се размачкате и да не направите контра ефект.
Превртените зачадени очи се одлични за сите дами што сакаат да ги истакнат нивните очи, но и за оние што имаат спуштени капаци и ситни очи, затоа што може да им даде целосно нов изглед.