
Овие палачинки од три состојки едноставно мора да ги пробате. Палачинките се едни од најпопуларните десерти во целиот свет. Подготовката на тестото се разликува само во ситници, а се менуваат додатоците.
Некои сакаат плачинки со мармалад, некои со еурокрем или со шеќер, некои со свежо овошје, ореви, а популарни се и во солена верзија.

Сепак, овој едноставен рецепт за палачинки со три состојки вклучува ставање овошје на самата смеса, а за одличен вкус потребно е само да помешате три состојки – банана, јајца и цимет. По желба може да се прелија и со сируп.
Со оглед на тоа дека станува за сосема едноставен рецепт, дури и кулинарските аматаери може да се обидат да ги подготват овие едноставни палачинки од три состојки. Погледнете го видеото!