
Неумешните обиди да уништуваат јавен имот и да ги блокираат сите граѓани кои имаат работа преку недела се постапки кои се осудени од преку 70% од граѓаните.
Никој освен најплатените структури од СДСМ и Сорос не се согласува со блокадите на нормалниот живот на граѓаните преку недела, во работните денови, додека викендите им остануваат за луксузни куси одмори во соседна Грција, пишува Курир.
Затоа на автопатот кој води кон јужната граница, граѓаните можеа да забележат транспарент со кој им се посакува добар пат и пријатен престој во Грција на членовите на платеничката револуција кои се во минимален број присутни во тек на викендите.
Љубител на грчките плажи е и Зоран Заев кој има луксузна хациенда на Егејското море, а неговата сопартијка Радмила Шекеринска ги преферира луксузните грчки хотели и јахти.
Вандалското и неодговорно однесување преку неделата на членовите на СДСМ и Сорос досега резултираше и со неколку инциденти во кои беа нападнати недолжни граѓани. Во еден случај на татко му беше попречено да си го однесе детето во болница, а во друг беше нападнат граѓанин на мотор.