
Двајца се повредени кога патничко моторно возило „сеат толедо“ синоќа излета од пат во кавадаречко. Со автомобилот управувал 41- годишен жител на Кавадарци, кој се движел од Кавадарци кон Мушов Гроб.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатникот кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
Увид на лице место по овластување на јавен обвинител изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.