
Кајакарската федерација на Македонија денеска во Ресен продолжува со реализација на кампањата „Сите во Кајак“.
Во Претор, на брегот на Преспанското езеро, обучени тренери, педагози и спортисти од 10 до 13 часот ќе им ги пренесат вештините на овој спорт на најмладите.
Кампањата „Сите во кајак“ почна во мај во Скопје.