
Едноставното е најдобро. Ако сте љубител на комбинацијата чоколадо – ореви, а покрај тоа сакате брзи и едноставни десерти, тогаш ова е рецепт за вас.
Состојки:
250 гр шеќер
18 лажици вода
210 гр маргарин
150 гр мелени ореви
100 гр крупно сецкани ореви
250 гр мелени бисквити
100 гр чоколадо
Подготовка:
Шеќерот и водата ставете ги да провријат. Тргнете го садот од оган и додадете го маргаринот, добро да се стопи. Додадете ги мелените ореви, па бисквитите и на крај исецканите ореви и растопената чоколада. Се’ добро измешајте за да се соедини. Исипете ја смесата во калап и оставете да отстои во фрижидер за да се стегне.