Импичмент на политичката елита

Македонскиот народ два милениуми е теран да се прилагодува, наместо да живее по своја волја, да прави тоа што сака. Вината за тоа е на политичките бројлери независно како се викале: старешини, војводи, партиски активисти, лидери, премиери и т.н. Разликата со минатото е дека сега партиските лидери се итри. Во минатиот век војуваат жестоко едни со други и се убиват. Денес се „убиват“ само со зборови, никој никого не праќа во затвор, а уште помалку да го стрелаат. Ги опфатила невидена „христијанштина“ на штета на народот и на државата. Инаку општото е и тоа, што до средината на 20 век, ние како и денес немаме држава. Немаме македонски народ, туку „заедници“. Наместо стабилна влада имаме „лидерски средби“.

МОЖЕМЕ ДА СЕ ЗАПРАШАМЕ: Какви се тие лидерски средби без лидери? Затоа што меѓу четворицата партиски главатари (тоа е точниот збор) нема лидери. Има во поголем или во помал дел марионети на странците. Македонскиот народ бавно како секогаш, но едноставно сфаќа дека денешната политичка елита е мртва (таа практично беше мртва и кога се создаде) и странците ја одржуваат во кома за да го уништат македонското име (идентитет) и држава, а потоа да ги исклучат апаратите. Доказ дека Македонците созреваат, независно од пропагандните манипулации од внатре и од надвор, се последните анкети. Како цело партиската поддршка се намалува, а истото го гледаме и во однос на лидерите. Само пред два месеци ВМРО-ДПМНЕ имаше предност во однос на СДСМ 2.5 кон 1. Сега предноста е многу помала: 27.1 отсто наспроти 15.8 отсто. Рејтингот на Груевски беше 5.5 пати поголем од тој на Заев, сега е 2 пати. Проблемот не е само во предноста. Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски паѓа како цифра: само околу 27 отсто  за партијата и околу 20 отсто за нејзиниот лидер. Вистина е дека и подршката за СДСМ паѓа, НО БИТНО Е  ДЕКА РАЗОЧАРАНОСТА ВО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО РАСТЕ. Веќе 30 отсто од анкетираните одговарат дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ можат успешно да управуват, 25.9 отсто велат дека ни една од партиите во Македонија не е блиска до нивните убедувања, а 20.2 отсто дефинираат дека СО НИКОЈА ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ПАРТИИ, МАКЕДОНСКИ И АЛБАНСКИ, ДРЖАВАТА НЕМА ИДНИНА.

Тие резултати не се израз на емоции, туку на економскиот и идентитетскиот геноцид врз македонскиот народ во последниве 25 години. Кога повеке од 75 отсто од граѓаните се против менување на уставното име, а околу 50 отсто од нив не сакаат влез во НАТО, дури ни со привремената референца, а истовремено владејачката партија има само 27 отсто поддршка, тоа зборува за длабок јаз меѓу зборовите и содржината, меѓу ветувањата и дејствијата. Ќе потсетам дека ако изборите беа на 5 јуни, 39.2 отсто од граѓаните ќе се изјаснеа за ВМРО-ДПМНЕ и само 14.9 отсто за СДСМ. ТОА ЌЕ ЗНАЧЕШЕ ПОВЕЌЕ ОД 70 ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СОБРАНИЕТО И СТАБИЛНА ВЛАДА БЕЗ АЛБАНСКА ПАРТИЈА. САМО ШТО ГОЛЕМИОТ ГАЗДА – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА  САД, БАЈДЕН, УШТЕ ВО ЈАНУАРИ ОДЛУЧИЛ ДА ДОЗВОЛИ НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА САМО 48 ПРАТЕНИЦИ. Затоа што сметнал дека тогаш Владата ќе биде нестабилна, баз угода на  САД. И нашите „кооперативни“ идиоти ја одработуваат таа агенда – попуштија за 24 април, попуштија за 5 јуни, а сега прават се’ што е можно да се вклопат во американското сценарио и да ја потрошат довербата на граѓаните. Неверојатно, но факт. Едните (опозицијата) за пари ја продаваат државата, другите (владејачката партија) го прават заради психичка деградација. Едни мислат дека…