
Јавното признание на Чарли Шин дека има ХИВ дијагноза во голема мерка влијаеше на свеста на луѓето за овој вирус, а сега славниот актер планира да влијае и на грижата за превенцијата.
Лондонскиот производител на сексуални играчки „Лело“ има нова линија кондоми Lelo Hex, а Чарли Шин е нивен заштитен знак.
Во првата реклама Чарли сериозно говори за тоа зошто сите луѓе би требало да користат кондоми.
-И јас мислев исто: дека кондомите се за другите луѓе и додава дека очигледно неговото избегнување на презервативи го довело до толку сериозни последици.
-Чудна е таа комбинација. Знаете луѓето и натаму сакаат да бидат како мене и да го искусат мојот живот, но постои еден детал во кој што не сакаат да учествуваат, вели Шин.
-Тие може да го избегнат, ако го користат ова.