
Заменик-министерот за надворешни работи Илија Исајловски изјави дека со исклучителна одговорност ја прифатил функцијата имајќи ги предвид надворешно-политичките приоритети на земјата.
Функцијата заменик-министер за надворешни работи ја прифатив со исклучителна одговорност согласно на тоа дека надворешните политички приоритети на Република Македонија би требало во наредниот период да бидат со успех исполнети и со успех да одговориме на сите предизвици кои се поставени од страна на Европската унија и НАТО, рече Исајловски.
Не помало значење, потенцираше тој, Република Македонија дава и на економската дипломатија, културното претставување и градење на добри, стабилни, пријателски односи со соседните земји, како и земјите од евроазискиот регион.
Исајловски беше избран за заменик-министер за надворешни работи на денешнарта 106. седница на Собранието. Негов претходник беше Драгана Кипријановска.