Како правилно да држите диета?

Штом ќе се спомне зборот „диета“ речеиси сите мислат на живот без храна… Во пракса диетата треба да биде правилен режим на исхрана, без исцрпување и без лишување од омилената храна до крајните граници затоа што така можете да го загрозите сопственото здравје.

Важно е да не се одрекувате од ниту една група производи, само во се што консумирате да бидете умерени.

Исто така, треба да ги имате на ум следните правила:

  1. Водете дневник на исхрана! (така полесно ќе го контролирате внесувањето на производите во текот на денот).
  2. Внимавајте да не бидете под стрес (ова е клучен фактор за прејадување);
  3. Решете се од заморот, емотивните дилеми и здодевноста (кога сме уморни правиме лош избор на храна, а истото важи и за ситуациите кога имаме вишок килограми. Прејадувањето може да биде поврзано и со нашата моментална емотивна состојба).
  4. Не го исцрпувајте организмот (не ги прескокнувајте оброците и редовно внесувајте течности).
  5. Дозволете си себе си мали задоволства (иако сте на диета, можете да сии дозволиуте себе си повремено да јадете и десерт или да испиете сок).
  6. Вежбајте и бидете истрајни (редовната физичка активност ќе ви го олесни враќањето во форма, а за подобри резултати пред или по тренингот можете да изпиете некој газиран пијалок со шеќер. Ваквите пијалаци ќе ви помогнат да бидете поиздржливи и посилни за време на тренингот).