
Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ изминатиов период работеа на реконструкција на паркинг просторот на аголот на улицата „11 Октомври“, до Тутунски комбинат.
Како што соопшти Град Скопје, на паркиралиштето е изгребан горниот асфалтен слој и е нанесен нов асфалт од типот АБ-11. При реконструкцијата на просторот нивелирани се шахтите и сливниците, а во наредниот период ќе се изврши бележење на паркинг местата. По завршувањето на бележењето на паркинг местата, ЈП „Градски паркинг“, на паркингот ќе постави куќичка за наплата и автоматска рампа.
Ова паркиралиште е со површина од 3 283 квадратни метри и ќе има 134 паркинг места, од кои две се наменети за лица со посебни потреби.
За реконструкцијата на овој паркинг простор се потрошени околу 4 милиони денари