ФОТО: На Никол Кидман целосно и’ побеле косата

Никол Кидман интензивно се посвети на улогата во серијата „Top of the Lake: China Girl“. Во моментов се снима втората се созна од оваа серија, а за улогата да биде поуверлива, славната актерка мораше целосно да ја промени бојата на косата.

Никол која во серијата се појавува со целосно побелена коса игра заедно со Елизабет Мос, која за улогата во првата сезона на оваа контроверзна серија ја доби наградата Златен глобус.