
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, оствари средба со Роберт Бенџамин, регионален директор на Националниот демократски институт за Централна и Источна Европа.
На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се дискутирало околу актуелната политичка состојба во која што се наоѓа Република Македонија и предизвиците со кои се соочува.
Од страна на регионалниот директор Бенџамин беше реафирмирана поддршката која што во континуитет ја дава НДИ на политичките партии и институциите во земјава, а пред се на Собранието.
Ставот на НДИ во однос на специфичните прашања со кои се соочува државата, како што истакна Бенџамин е дека најодржливи се автентичните решенија кои би произлегле од релевантните домашни фактори.
На средбата беше поздравена досегашната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ со заклучок од двете страни дека постои можност за нејзино натамошно унапредување.
Регионалниот директор на НДИ презентираше и дел од проектите на кои што ќе работи институтот во иднина изразувајќи надеж дека како и досега тие ќе бидат од полза на политичките субјекти во земјава.