
Двете страни изразија задоволство и од функционирањето на регистрационите агенти, кои претставуваат овластени подносители во Трговскиот регистар во постапки за упис на основање на трговски друштва и трговци поединци. Досега има околу 500 регистрациони агенти – сметководствени бироа со овластување за поднесување во Трговскиот регистар, дисперзирани ширум Република Македонија, и поднесувањето на пријави за упис преку системот за е-регистрација од страна на регистрационите агенти се одвива беспрекорно.
Поповски и Митковски се заложија за продолжување на тесната соработка, во насока на олеснување на условите за водење бизнис и подобрување на бизнис-климата во Република Македонија, во постојан дослух со професионалните заедници кои се корисници на услугите на Централниот регистар.