
Актерот Ал Пачино (74) подолго време е во врска со актерката Лусил Соле, која е 40 години помлада од него.
Од почетокот на љубовната врска Пачино и Соле (35) заедно се појавуваат на големите настани и изгледаат вљубено и среќно. Очевидно не им е проблем разликата од четири децении.
Двојката се запозна кога шпанската актерка играше во филмот на Пачино „Дивата Саломе“.
Пачино од претходните врски има три деца, но никогаш не бил во брак.