
Овие посебни полициски активности, СВР Охрид ги отпочна набрзо после пријавувањето и беа насочени кон месноста „Крстец“ атар на селото Велестово. Претресот на планинскиот дел со бујна вегетација траеше до 1 часот и 30 минути утрово, а продолжија и денес.
-Во посебните полициски мерки за преглед и претрес на терен во потрага по исчезнато лице, денес ќе бидат ангажирани и службени полициски кучиња за потрага на лица од соодветната полициска единица при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, соопштуваат од СВР Охрид.
Прегледот и претресот на терен се одвива во содејство со единицата за интервенции и спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид како и со месно население од селото Рача.