
Тој треба да биде објавен до пет дена по потпишувањето од претседателот. Со официјалното објавување, почнува и предизборна кампања.
Ќе се изберат 225 пратеници според мнозински и 225 според пропорционален принцип. Во истиот ден во 39 руски региони ќе се одржат избори за пратеници во регионални парламенти, а во седум – директни избори за гувернери и претседатели на републики.