
Две лица на возраст од 20 и 25 години го загубиле животот во тешка сообраќајна несреќа со мотоцикл.
Несреќата се случила синоќа околу 20 часот во близина на бензинската пумпа „Петрол Компани“ на автопатот Тетово – Скопје.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, лицето што го управувало мотоциклот загубило контрола при што излетале од патот и заедно со својот сопатник починале.
Увид на местото извршиле екипи на полицијата и јавниот обвинител по што, како што рече Јосифовски, ќе се знаат точните причини за сообраќајката.