
Илјадници граѓани се одзваа на повикот од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). На фотографиите што ги објави „Курир“ се гледа дека граѓаните масовно се собираат пред Основниот суд.
Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според политички нарачки!, повикаа вчера од ГДОМ.
Собирот на ГДОМ се очекува да стане уште помасовен, бидејќи постојано доаѓаат граѓани од Скопје и цела Македонија. Се очекува членовите на ГДОМ на Судот да му предадат Декларација.
ФОТО: Курир