
Руската полиција приведе четири лица поради несреќата што се случи на езерото Сјамозеро во руската област Карелија, во која загинаа 15 лица, од кои 14 се деца, јави ТАСС, а пренесе МИА.
Во моментов се задржани четворица осомничени – директорката на „Парк-хотелот Сјамозеро“ Елена Решетова, нејзиниот заменик Вадим Виноградов и инструкторите Регина Иванова и Људмила Василева, изјави Владмир Маркин, претставникот на Истражниот комтет.
Истрагата е завршена, при што е утврдено дека трагедијата била предизвикана од бура, која се случила додека децата и инструкторите биле во чамци во езерото.
Поради силното невреме чамците, на кои се наоѓале 47 деца и четворица инструктори, се превртеле и потонале.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочуство поради трагедијата и издаде налог да им се укаже помош на преживеаните и на семејствта на жртвите, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.