
Околу 25.000 евра, четири златни приврзоци и комплет од бело злато се украдени вчера од дом во Скопје.
Настанот го пријавил М.Ј.(1957) вчера по полноќ.
Според него, кражбата се случила вечерта меѓу 19.00 и 00.00 часот од страна на непознат сторител кој прво насилно ја отворил влезната врата, а потоа пребарувал, украл и побегнал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1,6 милиони денари.