
„Палимо” е насловот на новиот балкански летен хит, на кој што ќе се танцува ова лето, а е во изведба на Тајзи и Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат”.
Овој нов хит доби и свој видеозапис, сниман во Хрватска, поточно во Сплит, Макарска и Омиш. Режисер на спотот е Владимир Ивановски Дади, додека пак текстот за песната го направи Драган Величковски Тајзи, а музиката е на Лазар Цветковски.
Жешкото видео изобилува со атрактивни и весели кадри, многу згодни девојки, а во него се појавуваат и колегите на Спејко од „Големиот брат”, Ервин и Мирјана.
Со првата песна на српски јазик „Палимо”, Тајзи и Дарко ја најавуваат соработката со една од водечките издавачки куќи на Балканот- „Балкатон” и се подготвуваат да го освојат српско-хрватскиот пазар.
Летово Тајзи најавува уште две песни на македонски, како и нови песни на српски јазик.