
Дваесет и три борци на Исламска држава во северниот дел на Сирија загинаа при напад од турска територија и во воздушни напади на меѓународната коалиција, објави денеска турската телевизија „Хабертурк“.
Мета на операцијата биле 33 цели, а акцијата е изведена бидејќи постоел сомнеж дека припадниците на ИД планираат напад врз Турција.