Зошто треба да ги исперете новите алишта пред да ги облечете?

Некој од вас ќе си помисли: Ова сигурно е чисто! И зошто да ризикувам новиот фустан да ми се собере, кога сега изгледа совршено?

Но, тука треба да се замислите: Што се ставате на телото, кога ќе облечете нова неиспрана облека?

Прво, некој таа облека сигурно ја пробал пред вас, па постои опасност од разни бактерии и како второ, што е поважно, за време на изработката облеката се полева со сериозни хемикалии од кои некои може да направат проблеми на кожата, доколку не се отстранат со перење.

Можете да добиете дерматитис или некој осип на кожата, затоа новата облека пред да ја облечете треба задолжително да ја исперете.

Експертите велат дека несмееме да се опуштаме ниту кога станува збор за скапи или памучни парчиња облека, затоа што и природните ткаенини се обработуваат со хемикалии.