ФОТО: Петмина словачки туристи загинаа во страшна сообраќајка во Србија

Пет лица загинаа, а 26 се повредени утрово откако словечки автобус се преврти на автопатот Белград-Ниш, во близина на Алексинац, пренесе МИА.

slovacki-turisti-1

Несреќата се случи утрово околу 3:30 часот. Туристите од Словачка се враќале од  Крф, Грција. Во возилото имало   29 патници и двајца возачи.

Екипите на Брза помош згрижиле 26 патници, додека петмина патници останале заробени под превртениот автобус.