
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, на покана на German Marshal Fond на Соединетите Американски Држави, денеска ќе учествува на конференцијата „Политиката на отворени врати на НАТО во Варшава и по Самитот“, што се одржува во Варшава, Полска.
Покрај учеството на конференцијата, предвидено е министерот Јолевски да оствари средби со претседателот на Комисија за национална одбрана во Парламент на Република Полска, Михал Јах, и со поранешниот полски министер за национална одбрана Томаш Шимоњак.