
Најмалку три лица загинаа, а други тројца се водат за исчезнати во поплавите и свлечиштата што ја погодија јужна Јапонија, соопштија денеска локалните власти.
Според локалните медиуми, настраданите се мажи на 92, на 79 и на 66 години.
Исчезнатите по кои што спасувачите се уште трагаат, се од јужната покраина Кумамото од каде 2.000 жители се евакуирани.
Поплавите и одроните се последица на двата силни земјотреса, од 6,2 и седум степени по Рихтеровата скала, што се случија пред околу два месеца.