
Во Полициската саница во Велес ноќеска во 1:50 минути било пријавено дека на улица „Киро Рогужаров“ бил опожарен патнички автомобил марка „тојота“.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска возилото било сопственост на 34-годишниот велешанец Д.Ѓ., а било паркирано пред куќа.
– Екипа на СВР Велес излезе на лице место и увидот е во тек, информира Стојковска.