
Швајцарскиот сајт “Blick.ch”, откри дека еден 18-годишен Французин со албанско потекло успеал да внесе пиротехнички факел во фан-зоната во Марсеј за време на вториот натпревар од второто коло во групата А
Еден навивач на фудбалската репрезентација на Албанија, успеал во намерата да внесе пиротехнички факел на стадионот во Марсеј, откако истиот го сокрил во аналниот отвор, пренесуваат швајцарските и француските медиуми.
Швајцарскиот сајт “Blick.ch”, откри дека еден 18-годишен Французин со албанско потекло успеал да внесе пиротехнички факел во фан-зоната во Марсеј за време на вториот натпревар од второто коло во групата А.
Истиот медиум потенцира дека на стадионот и околу него, имало големо обезбедување, но овој Албанец успеал да го сокрие факелот во гаќите или поточно во аналниот отвор. Само за информација, пиротехничкиот факел бил долг 18 см и широк 4 см.
Албанецот го запалил факелот, но потоа настанал вистински хаос на трибините затоа што повредил неколку лица. Веднаш по брзата интервенција на полицијата, Албанецот бил уапсен и предаден на тужителите во Марсеј. Инаку, дуелот помеѓу селекциите на Франција и Албанија заврши со среќен триумф на “Галските петли” од 2:0.