
Завршија активностите за осветлување на тунелот „Бел Камен“ пред Велес. Министерството за транспорт и врски заврши со осветлување вториот тунел, откако претходно беше извршено осветлување на тунелот кај Катланово на автопатската делница Скопје-Велес.
Како што најавуваат, наскоро се очекува да се започне со работа и на третиот тунел на потегот Велес-Катланово која би требало да заврши до октомври годинава.
Осветлувањето се врши ЛЕД светилки со што значително се зголемува прегледноста на возачите, како и безбедноста во сообраќајот.