
Музејот на македонската борба вечер ќе организира изложба по повод 65 години од смртта на Панко Брашнаров (1883-1951).
Изложбата е насловена „Панко Брашнаров – од истакнат национален борец до жртва на комунистичкиот режим“.
Велешанецот Брашнаров бил член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Поради поддршка на Резолуцијата на Информбирото бил уапсен и пратен на Голи Оток, каде што набргу починал.