
Состојки
2 лажици масло
1 чаша ( 200 мл) газирана вода
4 јајца
2 чаши (200 мл) шеќер
1 паковка ванилин
1 паковка пециво
4 чаши ( 200 мл) брашно
300 гр исчистени цреши
Маслото се меша заедно со газираната вода, се додаваат шеќерот, јајцата, ванилинот, пецивото и убаво се промешува. На крај се додава брашното.
Смесата ја ставаме во намрсена тава бр.30 и ги редиме во неа сите цреши едно по едно, ја печеме на 180 степени околу 40 минути.
Готовиот колач може да се посипе со шеќер во прав, а наместо цреши може да се користат вишни.