
Бројот на возрасни луѓе зависни од дрога, за првпат се зголеми во изминатите шест години, и денес речиси 29 милиони луѓе се во таа категорија, наведува Канцеларијата на ОН за борба со дрога и криминал.
Во извештајот се вели дека речиси 29 милиони луѓе во светот се зависни од дрога, додека лани се регистрирани 27 милиони, а околу 12 милиони се регистрирани како „инектирачки корисници на наркотици“, од кои 14 отсто се со ХИВ.
Морталитетот поврзан со дрога е непроменет во светот – во 2014 година имало пријавени околу 207.000 смртни случаи, пренесува МИА.
Во извештајот се вели дека и употребата на хероин и поврзани смртни случаи прикажуваат тренд на нагло зголемување во изминатите две години во држави од Северна Америка и Западна и Централна Европа.
Најчесто користена дрога на глобално ниво е канабисот – проценки од 183 милиони луѓе кои го користеле во 2014 година.