Ново обвинение од Ембер Херд: Џони Деп ме изневеруваше!

Актерката Ембер Херд придодаде уште едно обвинение во бракоразводниот процес. Таа го обвини поранешниот сопруг Џони Деп дека ја изневерувал.

Спиеше наоколу со старлети и со колешките од сетот, рече Ембер.

Според одбраната на Деп тоа тврдење е обид за таа да се избори за половина од неговото богатство.

Инаку, во негова одбрана повторно застана неговата долгогодишна сопруга Ванеса Паради со која тој има деца. Таа вели дека Џони е верен сопруг и нежен маж.

Инаку, неодамна актерот изнајми кризен менаџер кого го плаќа 20.000 долари месечно.

На тој начин Деп ќе се обиде да го спаси угледот затоа што поради овој скандал неговата холивудска кариера би можела во целост да пропадне.