
Министерот за надворешни работи Никола Попоски по повод одлуката на Велика Британија за излез од Европската унија смета дека станува збор за одлука единствено на британските гласачи и даночни обврзници и оти каква и да е треба да се почитува.
Според него таквото сценарио за ЕУ значи загуба на значајна земја членка, а за Балканот и за Македонија загуба на еден поддржувач на процесот на проширување.
Очигледно треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носење на некои политички одлуки за Европа. Во Македонија треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара: да бидеме конкурентни и вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар во светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и стандард на Македонските граѓани во Македонија, вели во изјавата објавена на веб-страната на Министерството за надворешни работи.