
Како што образложи на прес-конференција министерот за финансии Кирил Миноски, ребалансот се должи на промена на проекцијата за растот на БДП од 4 проценти на 2,3 проценти.
Со ребалансот приходите се намалуваат за два проценти или за три милијарди денари, а расходите за 804 милиони денари во однос на проектираното.
Миноски истакна дека е позитивен трендот на наплата на даноците и придонесите, при што кај даноците има раст од 6 проценти, а кај придонесите од 5,7 проценти.
Со ребалансот, како што потенцира министерот, не се загрозува исплатата на платите, пензиите и социјалните трансфери, а капиталните расходи се намалуваат, но сепак остануваат на високо ниво.
Додаде дека со ребалансот се зголемува дефицитот од првично проектираниот 3,2 проценти на 3,6 проценти од БДП.