
Корисниците од улицата „Ленинградска“ во општина Центар утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување дефект на водоводна цевка со пречник од два цола на булевар „3 Македонска бригада“ број 18, а корисниците ќе бидат без вода за пиење се до завршување на интервенцијата.