
-Нивните соништа, се и наши соништа. Сонуваме ист сон, но и заеднички се бориме за негова реализација. Кога ја добивме довербата во 2006-тата, невработеноста беше огромни 38 осто. Следуваа тешки години, светска криза, европска криза, сега политичка криза. Многу препреки имаше на нашиот пат, но вољата беше огромна, стратегијата беше одлично поставена, се работеше до последен атом енергија, и денес, и покрај се, таа невработеност падна на историски најниски 24.5 осто. Се што можеше да ни се појави како препрека на патот се појави, но успеавме. И продолжуваме. Ни требаат уште нови работни места, ни требаат и повисоки плати и стандард, ни требаат нов напредок и ново намалување на невработеноста. Економскиот тим на владата работи силно на ова, посочи Груевски.
Тој додаде дека заедно со УМС изработиле стотици проекти за младите луѓе и за нивните потреби.
-Заедно со УМС ги исполнивме условите да се укинат визите за македонските граѓани, заедно со УМС донесовме огромен број инвеститори и се отворија над 150 илјади нови работни места во Македонија, заедно со УМС Македонија ја направивме 12 та земја во светот, а шеста во Европа, со најдобрата бизнис клима и услови за правење бизнис, потенцираше Груевски.