Камерон: Велика Британија не смее да им сврти грб на Европа и светот

Камерон: Велика Британија не смее да им сврти грб на Европа и светот

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека Велика Британија не смее да им сврти грб на Европа или остатокот од светот иако ја напушта ЕУ и порача дека во оваа фаза нема да ги почне формалните разговори за истапување на земјата од Унијата.

-Мораме да одлучиме каков вид односи сакаме со ЕУ, рече Камерон обраќајќи им се на пратениците во британскиот Парламент, пренесоа француските медиуми.

Камерон вели дека иако смета дека „резултатот од референдумот не е најдобар за Велика Британија, резултатот мора да се почитува и да се спроведе на најдобар можен начин“, пренесоа американските медиуми.

Лидерот на Конзервативната партија изјави дека за граѓаните на ЕУ кои сега живеат во Велика Британија нема да има непосредни промени.

Камерон нагласи и дека истапувањето од Унијата нема да оди мазно за британската економија но дека британските финансиски институции имаат „силни планови и можат да ја издражат неизвесноста по истапувањето од блокот“, забележаа американските медиуми