
Вкупно 97 мигранти и бегалци пристигнале на грчките острови во последните 24 часа, соопштија денеска властите.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, повеќето од нив, 43 лица, пристигнале на островот Самос.
На островите во северниот дел на Егејското Море во моментов има 6.641 бегалци и мигранти, соопшти Координативното тело за справување со бегалската криза.