
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска беше во работна посета во населба Хиподром, на локацијата кај старата Млекара.
Оваа локација, како што велат од општината, долго време е руина и претставува потенцијална еколошка закана.
Во моментов се расчистува просторот, каде е предвидено да се изгради станбено – деловен комплекс, градинка и бензинска пумпа, а инвестицијата ќе изнесува околу 10 – 12 милиони евра.