
Активисти на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва во Скопје одржаа протест преку кој побараа Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
Бараат и оставка од претседателот Ѓорге Иванов, по неговата одлука за аболиција која беше повлечена, формирање специјално одделение за случаите од Специјалното јавно обвинителство, како и вклучување на граѓанскиот сектор во разговорите за надминување на политичката криза.
Протестот почна пред СЈО во знак на поддршка на неговата работа, а продoлжи пред Министерството за правда и пред Собранието. Кон фасадите на институциите демонстрантите фрлаа боја.