
Најмалку 25 деца загинале во воздушни напади врз густо населени делови од градот Ал-Курија на исток во Сирија, соопшти УНИЦЕФ, пренесува МИА.
Повикувајќи се на свои локални партнерски органзиации во Сирија, Уницеф наведува дека локални здравствени работници пријавиле дека под урнатини на Ал-Курија во провинцијата Деир ал-Зор, која е под контрола на ИД, извлекувале тела на загинати деца.
– Три напади се извршени врз густо населени подрачја вклучувајќи и џамија за време на молитва. Уницеф најостро осудува тие напади и ги повикува сите страни во конфликтот да не повредуваат деца, соопшти организацијата.
Провинцијата Деир ал-Зор ја поврзува де факто Рака, престолнина на ИД во Сирија, со територија која таа група ја контролира во Ирак.