Петицијата за ревидирање на „брегзит“ денеска пред британскиот парламент

Петицијата досега ја потпишаа повеќе од три милиони луѓе.

Петицијата со која се повикува на ревидирање на резултатите од референдумот за членство на Велика Британија во Европската Унија би требало да биде разгледана на денешна седница на парламентарен комитет.

Петицијата досега ја потпишаа повеќе од три милиони луѓе.

За да разгледа парламентот петиција што се наоѓа на официјалниот сајт на британскиот парламент, треба да има најмалку 100 илјади потписи.

Според дел од лондонските медиуми, се очекува петицијата да биде разгледана на денешната седница на парламентарниот Комитет за петиции.

– Ја повикуваме владата да го примени правилото – ако бројот на гласови „за“ или „против“ е помал од 60 отсто, а излезноста помала од 75 отсто, да одржи ново гласање, се вели во текстот на петицијата.