
Сообраќајот на магистралниот пат А2 во близина на село Страцин e нормализиран.
АМСМ соопшти дека на сите државни патишта во Македонија сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Се препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација, а поради високите температури да се патува во раните утрински и вечерни часови со правење почести одмори и конзумирање повеќе течности.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.