
Ве интересира како со храната можете да создадете „роматично чувство“?
Еве неколку продукти што можете да ги користите како природен афродизијак. Додадете ги овие производи на вашиот попис за шопинг и препуштете се на романсата!
Авокадо
Како додаток на неговата свиленкаста текстура и богатиот вкус, авокадото содржи и големи количества витамин Е, што му помага на телото во производство на хормоните како што се тестостерон, прогестерон и естроген.
Школки
Освен што го засилуваат нивото на цинк во организмот, истражувањата покажаа дека школките содржат и аминокиселини што го активираат излачувањето на надворешни хормони.
Чоколада
Темното чоколадо помага во лачењето на допамин, кој е клучен невротрансмитер во нашиот мозок и е заслужен за перцепција на уживањето.
Чили пиперки
Чили пиперчињата го стимулираат излачувањето на ендорфини поради што ќе бидете во добро расположение, а исто така го зголемуваат и пулсот што може да предизвика чувство на возбуда.
Банани
Бананите може да го зголемат излачувањето на тестостерон, а богати се со калиум и витамин Е што ќе го крене нивото на енергија и издржливост.
Кафе
Кофеинот ги забрзува отчукувањата на срцето и циркулација што може да доведе до зголемена возбуда.