Попоски и Тодоров станаа вицепремиери

Министерот за здравство, Никола Тодоров и министерот за надворешни работи, Никола Попоски добија уште една функција.

Како што е објавено на веб страната на македонската Влада, покрај тоа што се министри, тие се именувани за заменици на премиерот Емил Димитриев, односно сега ќе ја извршуваат вицепремиерската функција.