
Топлото време носи голем број проблеми во чантата за шминка, ако не водите сметка. Настрана од тоа што може да ви се расипе маскарата, може да ви се стопи, па да ви се скрши омилениот кармин.
Иако, можеби мислите дека треба тоа да го сторите, никако немојте да го фрлате!
Се што ви треба е запалка и фрижидер. Ставете го карминот во фрижидер на некои десет минути малку да се олади. Делот што ви паднал, загрејте го со запалка и внимателно залепете го на остатокот на карминот.
Кога повторно ќе биде цел, вратете го во фрижидерот на 20-тина минути и ќе биде како нов!