
Велешанец превезувал 73 мигранти во камион. Мигрантите биле најдени при контрола од страна на полицијата.

Утрово околу 06,00 часот од страна на полициските службеници, на локалниот пат од село Речица –село Ваксинце, при контрола на товарно моторно возило „Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш.
Велешанецот, како што информира МВР, ги превезувал мигрантите за одреден паричен надоместок.
Истиот е приведен и во моментов се врши разговор. Од МВР, посочуваат дека за случајот е известен јавен обвинител за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.